Трагедија во Велес: Човек изгоре во пожар рано утрово

Во опожарена куќа на улицата „Васа Кошулчева“ брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. ТППЕ за пожарот добила повик утрово во 5:10 часот. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице.
Смртта на лицето за МИА ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека кога дошле на местото на настанот нашле изгорено лице.
Како што информира Славица Панова од службата за Брза помош која во 5:20 часот била повикана на местото на пожарот, само била констатирана смрт кај лицето.
Засега не се знае идентитетот на лицето, тоа дополнително во текот на денот треба да го утврдат екипа од Крим техника на СВР Велес, јавен обвинител и лекар од Брза помош, рече Панова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…
Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…
На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…
Масовна евакуација на домови и болници поради…
Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…
Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…