Трагедија во Кочанско: Од струен удар почина 40 годишен жител на Соколарци
Во вторникот, на 8 јули, околу 08:00 часот, 37-годишниот С.М. од село Соколарци трагично го загубил животот при изведување градежни работи на објект во близина на селските гробишта во неговото родно село, општина Чешиново-Облешево.
Според пријавата поднесена во 09:50 часот во Полициската станица Кочани, мажот се здобил со тешки повреди од струен удар, по што починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти Министерството за внатрешни работи. Се работи на целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Кочанско: Од струен удар почина…
Во вторникот, на 8 јули, околу 08:00…
После критиките од страна на Трамп, Русија…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово изјави дека…
Хаос во Европарламентот – Јовева се скара…
Своевиден скандал за нас во Европскиот парламент,…
Скопските пожарникари интервенираат на пожарот во Визбегово
Голем пожар утринава има во Визбегово. Според…
(Видео) Скопје завиено во чад: Гори депонијата…
Дебел црн чад се шири кон Скопје…