ТРАГЕДИЈА во радовишко: Млада мајка ги заклучила децата во соба и се отрула во полскиот тоалет
Ги заклучила децата во соба, отишла во полскиот тоалет во дворот, испила отров и си го одзела животот. 24-годишната мајка на две деца од радовишкото село Тополница во средата посегнала по својот живот, објави „Слободен печат“.
Според информациите, пред да се самоубие жената снимила видео во кое моли да се обелодени нејзиниот проблем и целата работа да не се остави незавршена.
„Сега ќе ви откријам нешто. Кој е причината за ова, кој е причината што ќе посегнам по својот живот, кој ја донесе работата до овој степен. Сега ќе ги кажам (наведува шест машки имиња). А супстанцата со која ќе посегнам по мојот живот ми ја даде (наведува име). Тие секогаш ме вознемируваат, постојано ме вознемируваат. Не можам да излезам од дома, до тоалетот не можам да одам. Тие ме примораа на ова. Има и многу други, ама не знам кои се. Ве молам не ја оставајте оваа работа, обелоденете се“, вели жената во видеото кое го добила редакцијата на „Слободен печат“.
Погребот, според инфото, бил извршен во четврток, без да биде направена обдукција.
Според информации на „Слободен печат“, жената била во втор месец на бременост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данец со камера скриена во пенкало, снимал…
Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…
ОБИД ЗА УБИСТВО ВО PАДОВИШ
На 31.07.2024 СВР Струмица – ОВР Радовиш…
Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка…
– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани,…
Син ја претепал својата 72-годишна мајка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Оставиле деца заклучени во автомобили: На родителите…
Пожарникари вчера спасија две деца од заклучени…