Трагедија во Србија: Момче и девојка се задушија во гаража – Давид и Нина имале само 17 и 15 години
Момче на возраст од 17 години и 15-годишна девојка биле пронајдени починати во автомобил паркиран во гаража во српскиот град Рашка, во југозападниот дел од земјата, јавија локалните медиуми. Обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на тинејџерите, но лекарите велат дека тие најверојатно се задушиле со јаглерод моноксид од вклучениот автомобил.
Според неофицијалните информации, трагедијата се случила во текот на изминатата ноќ. Телата на тинејџерите, Давид Вукадиновиќ и Нина Пауновиќ, биле пронајдени во автомобилот „Фолксваген Поло“ околу три часот по полноќ.
Нивните семејства се целосно скршени, тие наводно биле во врска, а полицијата била информирана од Здравствениот дом во Рашка, лекарите можеле само да ја констатираат смртта на двете деца“, вели извор за
– Нивните тела се пронајдени синоќа во автомобил во гаражата. Автомобилот бил исклучен, а тие најверојатно се задушиле поради неисправни инсталации на возилото, јавија дел од медиумите, повикувајќи се на извори од полицијата.
Обвинителството отвори истрага за трагичниот случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…