Трагедија во Тетово: 22-годишник донесен мртов во тетовската болница

t

Вчера околу 13 часот и 50 минути во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 22-годишниот Ф.М. од тетовски Порој, извести СВР Тетово.

Според утврденото во увидот, Ф.М. со уште четири други лица од истото село се превезувале со трактор „имт 539“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал. На земјен пат во месноста „Плоче“ во атарот на Порој, тој изгубил контрола, по што тракторот се превртел, а од здобиенте повреди Ф.М. починал на место, додека со повреди се здобил и еден малолетник кој, исто така, бил на тракторот, соопшти СВР Тетово.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на Ф.М. било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џеј Ди Венс: Не сме во војна…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се надева…

Иранскиот парламент гласаше за затворање на Ормутскиот…

Врховниот совет за национална безбедност на Иран…

Пластичен хирург утре ќе ги посети повредените…

Државата има намера да направи нов интерактивен…

Хорор во Драчево: Татко претепал ќерка додека…

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за…

ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во подрачна единица…

Состојбата кај македонската дипломатија не може да…