Трагедија во тетовско: 22 годишник загина од струен удар

Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај на 22 годишник од Боговиње, кој животот го загубил поради повреди здобиени од струен удар.
Трагичниот настан се случил во соседното Камењане, каде 22 годишниот работел како градежен работник.
Денеска (1 септември) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница бил донесен 22-годишниот Е.И. од тетовско Боговиње кој претходно, според првично пријавеното, задобил тешки телесни повреди од струен удар додека бил ангажиран на изведување на градежни работи (фасадирање) на училишен објект во тетовско Камењане.По извршениот преглед, лекарите констатирале негова смрт. По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција на бeзживотното тело на Е.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Увидот е во тек со учество на Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворени два угостителски објекти во Тетово и…
На 19.03.2025 во период од 10 до…
Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…
Уште еден инцидент со прегазен пешак се…
(Видео) Пожар во трговскиот центар во Тетово
Доцна попладнево избувна пожар во Градскиот трговски…
Касами: Работната група за менување имиња на…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, најави дека…
„Центар за култура“ во Тетово повикува граѓани…
Центарот за култура во Тетово повикува граѓани…