ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во пожар во Скопје

t

Едно лице загина во пожар, кој денеска избувна во стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека утрово, во 9:35 часот имале пријава за пожар.

– Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со пламен кој излегуваше надвор од прозорците, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна единица Звонко Томески.

На местото биле илезени и екипи на итната медицинска помош, а нема други повредени лица. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…