Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка удавена во канал

– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена неговата мајка М.Ј.(89) од с.Оризари, за која еден час претходно пријавил дека се оддалечила од домот, информираат од МВР.
Телото на починатата било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…
Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…
Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…
Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…
24 лица се во притвор, 30-тина се…