Објавено на:

Трагичен крај за сите четири американски војници во литванското мочуриште

t

Телото на четвртиот американски војник е пронајдено една недела откако исчезнаа заедно со останатите тројца војници во мочуриште во Литванија.

Сега веќе починатиот војник беше дел од четиричлениот тим кој изведувал воени вежби во големо оклопно возило кога исчезнале во близина на градот Пабрада, јави Би-би-си.

Возилото – M88A2 Херкулес и телата на преостанатите тројца војници беа пронајдени во мочуриште во понеделникот а до сега се трагаше по последниот американски војник кој беше дел од тимот.

Инаку сè започна минатиот вторник кога литванската јавна телевизија ЛРТ објави дека четворица американски војници и едно возило биле пријавени за исчезнати за време на вежба на полигон. Потоа беше објавено предупредување и започна потрагата во Пабраде, град кој се наоѓа на помалку од 10 километри од границата со Белорусија.

Војниците биле на вежба кога тие и нивното возило биле пријавени за исчезнати пред една недела. Телата на тројцата војници беа пронајдени во понеделникот откако вооружените сили на САД, Полска и Литванија го пронајдоа возило Херкулес во локално мочуриште.

Со пронаоѓање на телото на четвртиот и последен исчезнат американски војник се заврши еднонеделната потрага. Нивниот идентитет не е соопштен, пренесуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…