Траги-комедија: Човекот за кој Мицкоски бараше амнестија од власта, сега му пишува поеми…

t

“Траорни” објави се пишуваат по социјалните мрежи откако Христијан Мицкоски започна војна со Груевски по скандалозното интервју во германскиот “ФАЦ”. Интервјуто во кое тој го напаѓа поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ предизвика раскол и поделби меѓу членството, а неколкумината најверни поддржувачи на “лидерот” пишуваат трогателни поеми за поддршка на Мицкоски.

Меѓу нив и Димитар Димовски, кој не знае дали тие воопшто го заслужувале Мицкоски.

Траорната творба можете да ја прочитате во продолжение, а и објаснување зошто Димовски е толку мотивиран за овие писанија.

– Во ВМРО-ДПМНЕ сум од мои 16 години, од 1991. Во тие 32 години сум директен учесник во речиси сите важни збиднувања во партијата. Сум дишал за партијата и знам како диша партијата. А и ова го знам: ВМРО-ДПМНЕ ниту имала, ниту ќе има претседател како Христијан Мицкоски. Патриотиште, храбар, доследен, екстремно интелигентен, чесен, човечен, визионер кој гледа 20 години напред од сега. Секому подал рака, на секого се потрудил да помогне, за никого лага не дозволил да се каже. Еден сум од мнозинството кои знаат дека тој е последната надеж за спас на Македонија.

И, понекогаш се прашувам самиот себе, дали такви какви што сме, го заслужуваме овој човек?

Претседателе, од сите страни те сардисале само заради тоа што не ти се ни до колена, заради тоа што неможат да се помират дека со криминалците и уништувачите на Македонија, не се договараш.

Го газиш најтешкиот пат, ама најправилниот. Ќе ги победиш сите на купче. – вели Димовски.

Инаку, Димитар Димовски е обвинет во предметот “Шпански скали” и тоа за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

При спроведувањето на истражната постапка е утврдено дека петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на Р.М, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист. Ова, според обвинението, ја чинело државата 2,6 милиони евра.

Дополнително, од последните измени на Кривичниот законик ќе ќари и самиот Димовски кој се гони по членот 353, за чија измена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ правеа кворум во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…