Трактор излета од пат во Пехчево, загина маж
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово е пријавено дека на некатегоризиран пат на место викано „Мушкови чешми“ во атар на Пехчево, трактор со приколка со пехчевски регистарски ознаки, управуван од 66-годишниот М.П. од с.Црник, пехчевско, излетал од патот, соопштија од МВР.
Од здобиените повреди М.П. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пехчево и јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено во Судска медицина за обдукција
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…
32-годишна жена од Скопје се здобила со…
73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…
73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…
Пронајдени наркотични материи и вага во возило…
Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…
34 годишник од струмичко село – се…
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство…
Уапсен е тетовец – нападна две деца…
Жител на тетовското село Требош (51) бил…