Трамвај излета од шините во Сараево: Една жена загина, неколкумина се повредени

t

Една личност загина, а повеќе се повредени денеска во Сараево кога градскиот трамвај излетал од шините и завршил на една од најфреквентните улици во близина на Земјишниот музеј на БиХ и Амбасадата на САД.

„Една личност смртно страдала. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Јавниот обвинител е известен, а полициските службеници се на терен“, соопштија од жупаниската МУП.

Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне, пробивајќи ја заштитната ограда и лизгајќи околу десетина метри по коловозот. Целиот преден дел од трамвајот е уништен.

Во оваа несреќа загинала жена која била стисната од трамвајот при излетувањето, а за да дојдат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја сечат оштетената конструкција на возилото.

Станува збор за еден од старите трамваи чешко производство, кои постепено се повлекуваат од употреба откако минатата година започна нивна замена со нови возила, чиј производител е швајцарскиот Stadler. Досега жупаниската влада набавила 25 нови трамваи, но некои од старите, купени пред повеќе од 40 години, сè уште се во употреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамвај излета од шините во Сараево: Една…

Една личност загина, а повеќе се повредени…

Лажна дојава за бомба на меѓународниот аеродром…

Утринската дојава за поставена бомба во зградата…

Вучиќ се соочува со пријава во случајот…

Хрватски истражувачки новинар поднел пријава до обвинителите…

Белгија ја затвора амбасадата во Сараево

Белгија ја затвора својата амбасада во Босна…

Калас во Сараево: Ќе спречиме каков било…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…