Лажна дојава за бомба на меѓународниот аеродром во Сараево
Утринската дојава за поставена бомба во зградата на Меѓународниот аеродром во Сараево се покажа како лажна, по спроведената контрадиверзантска проверка од страна на безбедносните служби на Босна и Херцеговина.
По примањето на дојавата, зградата на аеродромот беше привремено блокирана, а патниците и вработените беа евакуирани како превентивна мерка. Припадници на Граничната полиција на БиХ и специјализирани служби извршија детална проверка на објектот, при што не беа пронајдени никакви опасни предмети.
Од Меѓународниот аеродром Сараево за босанските медиуми потврдија дека безбедносната процедура е завршена и дека авионскиот сообраќај е постепено нормализиран, без подолги доцнења на летовите.
„По извршената контрадиверзантска инспекција, утврдено е дека дојавата била лажна. Аеродромот продолжи со работа согласно безбедносните протоколи“, пренесуваат федералните медиуми во БиХ, повикувајќи се на официјални извори.
Надлежните институции работат на утврдување на потеклото на лажната дојава, а случајот се третира согласно законските процедури за загрозување на јавната безбедност и лажно пријавување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион полн со патници нагло се спуштил…
Пет лица се повредени откако патнички авион…
Сопругот ја уби новинарката Елма Годињак во…
Новинарката Елма Годињак (41) вчера е убиена…
„Системот ја убива младоста“ – Нов протест…
Граѓани на Сараево и други градови во…
Нова трамвајска несреќа во Сараево: Возачот бил…
Уште една трамвајска несреќа се случила во…
„Нема назад, мора да има одговорност“ –…
Петти ден по ред граѓаните во Сараево…