Објавено на:

Трамп: Бајден нема да се повлече од претседателската трка поради неговото его

t

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека очекува американскиот претседател Џо Бајден да остане во претседателската трка и покрај повиците на Демократската партија да се повлече и да го замени со помлад кандидат.
Трамп оцени дека Бајден нема да се повлече поради „неговото его“.


„Тие (демократите) го покриваат Бајден, но станува се потешко и потешко да се направи тоа. Тој сè уште е во трка поради неговото его и не сака да се откаже“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
Трамп, исто така, процени дека доколку Бајден се повлече, на негово место ќе дојде потпретседателката на САД Камала Харис.


Тој додаде дека демократите не можат да го отстранат Бајден доколку тој самиот не го направи тоа или не можат да се повикаат на 25-тиот амандман на Уставот.
Според 25-тиот амандман, потпретседателот и мнозинството во претседателскиот кабинет можат да гласаат за претседателот „неспособен за извршување на должностите“, со што потпретседателот би бил назначен за вршител на должноста.


Повиците Бајден да се повлече од претседателската трка следеа по неговите лоши перформанси во дебатата со Трамп на 27 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…