Трамп верува во победа на следните претседателски избори
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека би победил доколку се кандидира на изборите во 2024 година, додавајќи дека веќе донел одлука за неговата кандидатура и оти никој не може да влијае на тоа.
Во изјавата за „Њујорк пост“ вели дека се одлучил за кандидатура, индиректно откривајќи дека единствена недоумица е тајмингот на објавувањето на одлуката. Според „„Њујорк пост“, останува отворено прашањето само дали кандидатурата ќе ја објави пред ноемвриските избори за Конгресот или потоа.
„Веќе донесов одлука, ништо не може да влијае на тоа. Се одлучив, веќе знам дали ќе се кандидирам“, вели Трамп за денешното издание на списанието Њујорк.
Тој исто така вели дека повеќето луѓе сакаат тој да се кандидира.
„Сметам дека многу луѓе воопшто не би се кандидирале ако јас го направам тоа, доколку ги погледнете анкетите, никаде ги нема. Зборувам за мнозинството од актуелните политичари. Луѓето сакаат да се кандидирам. Се чувствувам сигурен, верувам дека ќе победам ако се кандидирам“, рече Трамп
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…