Трамп воведува дополнителни 100% царина за увоз од Кина
САД ќе воведат дополнителна царина од 100 проценти на увоз од Кина почнувајќи од 1 ноември, а исто така ќе воведат и контрола на извозот на целиот клучен софтвер произведен во САД, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.
„Почнувајќи од 1 ноември 2025 година (или порано, во зависност од понатамошните дејствија или промени преземени од Кина), САД ќе воведат царина од 100 проценти на Кина, покрај царините што моментално ги плаќа“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social, пренесува Ројтерс.
Американските царини за кинески стоки се задржани на околу 55 проценти, а Кина продолжува да применува царина од 30 проценти на американскиот извоз. Трамп претходно се закани дека ќе воведе масовно зголемување на царините за кинескиот увоз во САД за да се спротивстави финансиски на новите контроли на извозот на ретки земни елементи од страна на Пекинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп воведува дополнителни 100% царина за увоз…
САД ќе воведат дополнителна царина од 100…
Путин: Русија и САД остануваат во рамките…
Русија и САД останаа во рамките на…
Трамп испраќа 200 војници во Израел за…
САД испраќаат 200 војници кои веќе се…
Вучиќ: Ги молам нашите руски пријатели да…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека знае…
Други земји „им ја украле“ филмската индустрија…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави воведување…