Трамп воведува нови царини за дрвена граѓа и мебел
Американскиот претседателот Доналд Трамп нареди воведување на 10 отсто царини на увозот на меко дрво и граѓа, како и 25 отсто давачки на кујнски елементи, тоалетни масички и тапацирани дрвени производи, што претставува негов најнов обид да ги искористи увозните даноци за зајакнување на домашното производство.
Царините треба да стапат во сила од 14 октомври, а дел од зголемувањата ќе стапат на сила на 1 јануари, според прокламацијата потпишана во понеделник. Тие следат по истрага на Министерството за трговија за увоз на граѓа, дрво и сродни производи што започна во март.
Трамп изјави дека планираните мерки ќе „ги зајакнат синџирите на снабдување, ќе ја поттикнат индустриската отпорност, ќе создадат квалитетни работни места и ќе ја зголемат домашната искористеност на капацитетите за дрвени производи.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп воведува нови царини за дрвена граѓа…
Американскиот претседателот Доналд Трамп нареди воведување на…
Дел од замрзнатите руски средства ќе се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Во ТЦ „Дајмонд мол“ поставен пункт за…
Денес министерот за здравство, Азир Алиу, заедно…
Македонија-земја со најниски плати и најевтина работна…
*Објава на Фејсбук на претседателот на Сојузот…
Шукова: Оние кои четири години го блокираа…
Во текот на изминатите недели, во мојата…