Во ТЦ „Дајмонд мол“ поставен пункт за бесплатно мерење крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта
Денес министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска, по повод одбележување 29 септември–Светски ден на срцето, го посетија превентивниот пункт во ТЦ „Дајмонд мол“.
Граѓаните покажаа голем интерес за бесплатно мерење крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта на превентивниот пункт. Здравствените услуги на пунктот ги врши тим од Институтот за јавно здравје. Со ваквите акции заеднички ја подигнуваме свесноста за навремено откривање и превенција од кардио-васкуларни заболувања. Дополнително, присутните добија индивидуални совети и препораки за здрава и урамнотежена исхрана, редовна физичка активност, како и поддршка и мотивација за откажување од пушење – три клучни фактори во заштитата на здравјето на срцето, изјави министерот Алиу.
Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска ја истакна важноста на примарната превенција и активниот пристап кон сопственото здравје.
-Светскиот ден на срцето е можност да се потсетиме дека здравото срце значи и квалитетен живот. Институтот за јавно здравје ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на здравјето на населението и поддршка на здрави животни навики” изјави д-р Андоновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама го брани проектот поврзан со семејството…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
Две и пол години затвор за вработената…
Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки…
Мицкоски: Пуштен е во употреба студентскиот дом…
Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив…
Уапсен е 17 годишник – силувал 15…
МВР информира дека вчера попладне во 16:00…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…