Објавено на:

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

t

Доналд Трамп денеска изјави дека не ја разгледува можноста поранешната републиканска претседателска кандидатка Ники Хејли да биде номинирана за потпретседател на изборите во ноември, демантирајќи ја информацијата на информативниот сајт Аксиос, пренесоа британските медиуми.

Ники Хејли не се смета за можен кандидат за потпретседател, но ѝ посакувам добро!, рече Трамп.

Хејли, поранешен гувернер на Јужна Каролина и поранешен американски амбасадор во Обединетите нации, во март ја заврши својата трка против Трамп во трката за републиканска претседателска номинација.

Хејли прифати дека Трамп, кој постојано ја минимизираше нејзината кандидатура, ќе биде републикански кандидат, но не го поддржа.

Веќе постои долга листа на потенцијални кандидати за потпретседателската позиција која ги вклучува гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум, гувернерот на Јужна Дакота Кристи Ноем, сенаторот Марко Рубио, Тим Скот и Џ.К. Д. Венс и членот на Претставничкиот дом Елизе Стефаник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“

Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата

Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…

Њујорк Тајмс: Лидерите на ЕУ во паника…

Владите на ЕУ испратиле претставници во САД…

Еспер: Трамп ќе направи САД да го…

Без САД да го одржуваат, блокот „ќе…