Трамп до Маск: Ако ги загубам изборите, одам во Венецуела
Амерканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, за време на интервјуто со милијардерот Илон Маск, рече дека ако двајцата загубат на изборите во ноември, би можеле да се сретнат во Венецуела. „Ако изборите поминат лошо, што би било вистински хорор, тогаш следниот пат ќе те видам во Венецуела бидејќи тоа ќе биде многу побезбедна земја за средба од САД. Така што во тој случај јас и ти си заминуваме, ние“. Ќе се сретнеме и ќе вечераме во Венецуела“, му рекол Трамп на Маск.
Трамп додаде дека Венецуела ослободува насилни криминалци и ги испраќа во Соединетите држави како илегални имигранти, а со тоа ја намалува сопствената стапка на криминал. „Нивната стапка на криминал се намалува додека нашата вртоглаво расте. Толку е едноставно. Сè уште ништо не сте виделе бидејќи овие луѓе дојдоа во нашата земја и само се навикнуваат на ситуацијата. Но, Венецуела не се ослободи од сите нив. Се ослободи од околу 70 проценти од тешките криминалци“, рече Трамп, пренесува Newsweek.
Роберто Бричемо-Леон, основач и директор на Венецуелската опсерваторија за насилство (ОВВ), изјави за factcheck.org дека нема докази дека Венецуела испраќа криминалци во САД.
„Нема докази дека владата на Венецуела ги празни затворите или институциите за ментално болните со цел да се ослободи од затворениците или пациентите, односно да ги испраќа во САД или во некоја друга земја“, рече тој.
„Нивото на криминал падна поради масовната миграција, за време на која речиси 8 милиони луѓе се иселиле од 2014 година поради лошите економски услови“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп до Маск: Ако ги загубам изборите,…
Амерканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, за време…
Путин ја собра политичката елита во вилата;…
Не е лесно да се учествува на…
Советот на Европа го повика Румен Радев…
Комесарот за човекови права на Советот на…
Тинејџер инспириран од видеоигра тргнал во крвав…
Тинејџер, 18-годишен, со шлем на главата, маска…
Франција, Германија и Британија го повикаа Иран…
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека…