Трамп забрани трансродови лица да учествуваат во женски спортови
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која на трансродовите спортисти им се забранува да учествуваат во женски спортови. Наредбата, насловена како „Исклучување на мажите од женскиот спорт“, им дава на федералните агенции, вклучително и Министерството за правда и Министерството за образование, широка слобода да обезбедат дека субјектите кои добиваат федерално финансирање се усогласуваат со Наслов IX во согласност со позицијата на администрацијата на Трамп, која го толкува „родот“ како пол што му е доделен на личност при раѓање, јавија американските медиуми.
„Со оваа извршна наредба, војната против женскиот спорт заврши“, рече Трамп на церемонијата на потпишување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија води против Казахстан!
Александар Трајковски се најдев во првиот состав…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…