Објавено на:

Трамп: „За влакно“ изгубив од Бајден во 2020 година

t

Поранешниот претседател на САД и претседателски кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп синоќа го потврди тврдењето за изборниот грабеж пред четири години, но призна дека бил поразен од тогашниот кандидат на Демократската партија и актуелен претседател на САД, Џо Бајден.

– Освоив милиони гласови повеќе отколку кога победив на претходните избори. Ми рекоа дека освоив 63 милиони гласови и ќе победам. Но не можев да победам … Изгубив за влакно и – видете што се случи на светот, изјави Трамп во поткастот на Лекс Фридман.

Трамп наведе и дека доколку биде избран за претседател на САД ќе стави крај на војната во Украина.

– Таа војна никогаш не требаше да се случи. Бајден е најлошиот претседател во историјата на нашата земја, а војната најверојатно е уште полоша. Но, војната се случи и сега е многу потешко да се постигне мировен договор отколку пред да избие конфликтот, наведе Трамп.

Тој додаде дека има „прецизен план“ за завршување на војната и дека има одлични односи со претседателите на Украина и Русија, особено со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп предупреди и на можност за избивање на трета светска војна и оти треба брзо да се дејствува за да се спречи.

На прашањето како да се избегне војна со Кина во 21 век, Трамп одговори дека има начини да се направи тоа и дека има „некоја идеја“ за тоа како да им пристапи на односите со Пекинг, но не го откри планот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Срамна одлука на британската Влада да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

Трамп: „За влакно“ изгубив од Бајден во…

Поранешниот претседател на САД и претседателски кандидат…

ОВА СЕ НАЈИНТЕЛИГЕНТНИТЕ ЗНАЦИ – Тврдат астролозите

Земјените знаци покажуваат практична интелигенција, додека огнените…

Лајен: Се очекува да има 10 жени…

Во следниот состав на Европска комисија се…

„Исклучена е можноста дека се самоубил“: 3…

Милан Ѓорѓевиќ од Ниш исчезна на 10…