Објавено на:

Трамп: Зеленски не е многу важен за да биде дел од преговорите

t

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека не е од суштинскот значење украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на преговорите за ставање крај на војната.

„Мислам дека не е многу важен да биде на состаноците“ рече Трамп во аудио интервју за Фокс њуз.

„Тој е таму три години. Многу го отежнува склучувањето договори“ додаде американскиот претседател.

Трамп вели дека украинските лидери „немаат никакви карти“ во разговорите.

„Имав многу добри разговори со [рускиот претседател Владимир] Путин и не сум имал толку добри разговори со Украина. Тие немаат никакви карти, но играат строго. Но, ние нема да дозволиме ова да продолжи“, рече Трамп на собирот на американските гувернери во Белата куќа во петокот.

Киев и Европа се пожалија дека се настрана откако Трамп ги отвори разговорите со Москва за завршување на војната, која започна со руската инвазија на Украина во 2022 година.

Тензиите со Киев дополнително се зголемија кога републиканскиот претседател го нарече Зеленски „диктатор“ и тврдеше дека Украина ја „почнала“ војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…