Објавено на:

Трамп и Путин би можеле да се сретнат уште следната недела, кажаа од Белата куќа

t

Доналд Трамп би можел да се сретне со Владимир Путин уште следната недела, изјави функционер од Белата куќа, додека САД се подготвуваат да воведат секундарни санкции како притисок врз Русија да ја заврши војната во Украина. Тоа би била прва директна средба на претседателите на САД и Русија од јуни 2021, кога Џо Бајден и Путин се сретнаа во Женева, осум месеци пред почетокот на руската инвазија врз Украина.

„Њујорк тајмс“ објави дека Трамп вчера ги известил европските лидери дека планира да се сретне со Путин, по што би следела трилатерална средба со учество и на Володимир Зеленски. По вчерашната посета на неговиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва, Трамп кажа дека постојат добри шанси за средба Путин-Зеленски во скоро време, без да изнесе други детали.

„Русите изразија желба да се сретнат со претседателот Трамп, а тој е отворен за средба и со Владимир Путин и со Володимир Зеленски“, кажа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

Трамп кажа дека на разговорите Путин-Виткоф бил постигнат добар прогрес, додека Кремљ ги опиша разговорите како корисни и конструктивни.

Посетата на Виткоф беше последниот дипломатски напор на САД пред истекот на ултиматумот на Трамп, кој се закани со нови санкции за Русија ако не ја заврши војната со Украина до 8 август. Трамп најави санкции и за државите кои купуваат руска нафта, што ги вклучува и Кина и Индија.

„Ѝ воведовме нови царини на Индија. Веројатно ќе го направиме тоа со уште неколку држави. Кина би можела да биде една од нив“, рече Трамп.

Зеленски кажа дека верува оти притисокот врз Русија функционира и таа сега е посклона кон прекин на огнот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп и Путин би можеле да се…

Доналд Трамп би можел да се сретне…

Раде Штекли имал халуцинации, му се причинило…

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан…

Стапија на сила новите царини на Доналд…

Стапија во сила новите царини на Доналд…

Ценaтa на нафтата близу 67 долари

Цените на нафтата денес на меѓународните пазари…

Путин: ОАЕ е една од можните локации…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…