Путин: ОАЕ е една од можните локации за средбата со Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Обединетите Арапски Емирати се една од можните локации за неговата најавена средба со американскиот претседател Доналд Трамп, но дека за тоа сè уште не е донесена одлука.
Тој истакна дека двете страни покажале интерес за самитот на Русија и Соединетите Американски Држави, додавајќи дека Русија има многу пријатели подготвени да помогнат во организирањето на неговата средба со Трамп.
Путин рече дека не е против состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека таква средба е можна, но и дека мора да се создадат услови за неа.
„Веќе многу пати реков дека генерално немам ништо против тоа, тоа можно е. Но, за да се случи тоа, мора да се создадат одредени услови. За жал, сè уште сме далеку од создавање такви услови“, додаде Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…
Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…
Цената на електричната енергија за домаќинствата во…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…