Трамп купи островв во Албанија за 1.4 милијарди долари, ние земјата на Алказар енерџи им ја дадовме за џабе
Иванка Трамп го стекна островот Сазан во Албанија, со површина од 5,5 квадратни километри, за сума од 1,4 милијарди американски долари, со визија преку развој на туризмот да ги поврати вложените средства и да оствари профит.
Во нашата земја, пак, Владата, без значителен финансиски надомест, отстапи 3,4 квадратни километри ридски предели, идеални за изградба на државен ветропарк, на компанијата „Алказар Енерџи“. Оваа одлука овозможува на споменатата компанија да генерира годишни приходи од приближно 83 милиони евра, додека државата се лишува од можноста самата да ги искористи овие ресурси за истата цел.
Земјиштето, чија пазарна вредност, според споредбата со слични парцели од V до VIII класа на надморска висина над 700 метри, изнесува околу 480 илјади евра, би можело да донесе приход од само 24 илјади евра годишно доколку се издава под закуп. Додека „Алказар Енерџи“ ќе остварува десетици милиони евра профит годишно, државата ќе добива финансиска корист еквивалентна на приход од закуп на едно кафуле.
Најзагрижувачки е фактот што државата се откажува од можноста да изгради сопствен ветропарк на истото место (а друго подеднакво погодно место нема), кој би обезбедил електрична енергија за граѓаните по стабилна и ниска цена од околу 60 евра за мегават-час, а патем и самата да заработи. Наместо тоа, земјата ќе биде принудена да набавува електрична енергија, можеби токму од „Алказар Енерџи“, по берзански цени од најмалку 100 евра за мегават-час.
За разлика од Иванка Трамп, која изложила на ризик 1,4 милијарди долари преку земјиште за проект за кој не се знае дали ќе ги врати вложените пари, кај нас „Алказар Енерџи“ без никаков ризик добива земјиште од кое сигурно ќе профитира, бидејќи ќе продава берзански производ – електрична енергија од обновливи извори.
Оваа одлука ја отсликува неспособноста на Владата да привлече странски инвестиции што би биле од вистинска полза за граѓаните, а наместо тоа, предизвикуваат значителна економска штета.
Доколку оваа постапка беше во интерес на државата, информациите немаше да бидат прикривани од јавноста. Напротив, ќе имаше јавна дебата, ќе беше распишан јавен повик и тендер или иницирана собраниска расправа во согласност со Законот за стратешки инвестиции. Ваква зделка не беше најавена пред изборите, а добивме нешто толку многу штетно, на што не можевме ниту да помислиме.
Иванка Трамп го стекна островот Сазан во Албанија, со површина од 5,5 квадратни километри, за сума од 1,4 милијарди…
Posted by Дејан Трајковски on Wednesday, August 13, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп купи островв во Албанија за 1.4…
Иванка Трамп го стекна островот Сазан во…
Трамп се „закани“ со тешки последици за…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со…
Сончево и топло време – попладне се…
Сончево и топло со мала до умерена…
Обвинителството наложи да се идентификуваат напаѓачите на…
Вишото јавно обвинителство во Белград објави дека…
Мицкоски вечерал со Крис Павловски, разговарале „за…
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека имал „пријателска…