Објавено на:

Трамп: Ми се допаѓа тоа што Путин го кажа за мене

t

Поранешниот американски претседател и можен кандидат на претседателските избори во 2024 година, Доналд Трамп изјави дека му се допаѓа она што рускиот претседател Владимир Путин го кажа за него.
Путин неодамна изјави дека ја слушнал изјавата на Трамп дека за неколку дена ќе ги реши итните проблеми, вклучително и украинската криза, и прокоментира дека „не може да не биде среќен, добро е“.


„Ми се допаѓа тоа што го кажа бидејќи тоа значи дека сум во право“, рече Трамп. Тој додаде дека „ќе го внесе Путин во собата, ќе го донесе Владимир Зеленски во собата и ќе направи договор“.
„Би кажал одредени работи на Путин, одредени работи би му кажал на Зеленски“, додаде Трамп, без да даде детали за тоа како да се постигне договор.
Поранешниот американски претседател додаде дека „ќе постигне договор кој би бил фер кон сите“, пренесоа американските медиуми.


Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин говорејќи за претстојните претседателски избори во САД изјави дека не очекува суштински промени во американската надворешна политика кон Русија, без разлика кој ќе биде избран за претседател. Путин потсети и дека Доналд Трамп и додека беше претседател воведе санкции против Русија и оцени дека сегашните американски власти го насочуваат американското општество во антируска насока.
„Сега ќе биде многу тешко некако да се сврти тој брод во друга насока“, додаде рускиот претседател.
Путин смета дека зад гонењето на Трамп стојат политички причини и дека тоа „го покажува целото гниење на американскиот политички систем, кој не може да се преправа дека ги учи другите за демократијата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…