Трамп му се закани на Хамас веднаш да ги ослободи преостанатите заложници или ќе биде уништен

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Хамас веднаш да ги ослободи сите преостанати заложници и да ги врати телата на убиените и се закани дека во спротивно „ќе избие пекол“ за милитантната група.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social рече дека тоа е „последно предупредување“ за Хамас и дека доколку не ги ослободат заложниците, ниту еден член на таа милитантна група „нема да биде безбеден“.
“Шалом Хамас” значи здраво и збогум – можете да изберете. Ослободете ги сите заложници сега, не подоцна, и веднаш вратете ги сите мртви тела на луѓето што ги убивте, или ќе ви заврши. Само болни и изопачени луѓе чуваат тела, а вие сте болни и извртени”, рече Трамп.
Тој предупреди дека ќе му испрати на Израел „се што е потребно за да ја заврши работата“, истакнувајќи дека ова е последното предупредување.
„Испраќам на Израел се што му е потребно за да ја заврши работата, ниту еден член на Хамас нема да биде безбеден ако не постапите како што велам. Само што се сретнав со вашите поранешни заложници чии животи ги уништивте. Ова е вашето последно предупредување“, рече американскиот претседател.
Тој го повика раководството на Хамас да ја напушти Газа „додека се уште има шанса“, а на жителите на Газа им порача „да донесат паметна одлука“.
„До раководството, сега е време да ја напуштите Газа додека се уште имате шанса. Исто така, до жителите на Газа: Ве чека убава иднина, но не ако држите заложници. Ако го правите тоа, вие сте мртов! Донесете паметна одлука. Ослободете ги заложниците сега, или пеколот ќе избие подоцна“, предупреди Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новинарka со микрофон го удри Доналд Трамп…
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатност кога…
Трамп му се закани на Хамас веднаш…
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Хамас…
Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…
(Видео) Страшно сведоштво на израелски заложник на…
„Малку леб и малку вода. Не можев…
Францускиот екстремно десничарски лидер го откажа говорот…
Францускиот екстремно десничарски лидер Џордан Бардела го…