Објавено на:

Трамп: Наскоро ќе има царини за стоки увезени во Америка од ЕУ, можеби од Велика Британија

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе воведе царини за стоките увезени во Америка од Европската Унија и не ја исклучи можноста за таква мерка против Обединетото Кралство.

„Не ги купуваат нашите автомобили, не ги купуваат нашите земјоделски производи. Тие речиси ништо не купуваат, а ние увезуваме сè, милиони автомобили, огромни количини храна и земјоделски производи“, рече Трамп.

На прашањето на Би-би-си дали има краен рок за воведување царини за ЕУ, Трамп рече дека нема временска рамка, но дека тоа ќе се случи „прилично брзо“.

„Практично секоја земја во светот ја ограбува Америка. Имаме дефицити со речиси секоја земја, не баш со секоја, туку речиси со секоја, и тоа ќе го промениме. Тоа е неправедно“, рече Трамп.

Според него, Америка во моментов не размислува за воведување царини за производите увезени од Обединетото Кралство, но не знае како ќе се развива ситуацијата.

„Ќе видиме што ќе се случи. Можеби тоа ќе се случи со Британија… Но, тоа дефинитивно ќе се случи со ЕУ. Можам да ви кажам затоа што тие навистина нè искористуваат, знаете, ние имаме дефицит од над 300 милијарди долари“, рече Трамп.

Тој рече дека Велика Британија „не се однесува соодветно“, но „работите може да се испеглаат“.

Трамп посочи дека имал голем број состаноци и телефонски разговори со британскиот премиер Кир Стармер и дека тие двајца „многу добро се согласуваат“.

Американскиот претседател во саботата потпиша извршна наредба за воведување царини на стоки од Канада, Мексико и Кина. Прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, на брифинг со новинарите во петокот рече дека царините за Мексико и Канада ќе бидат 25 отсто, а за Кина 10 отсто поради нелегалниот фентанил што се дистрибуира во САД, што, според неа, доведе до смрт на десетици милиони Американци, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Честитки, „Најдоброто допрва доаѓа“ – Меџити: Конечно…

Првиот вице-премиер Изет Меџити денеска на прес-конференција…

(Видео) Апокалиптични сцени на гробиштата во Вевчани…

На социјалните мрежи се шири видео од…

Митески да одговори каде се ветените нови…

Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром…

„Запознај ја Преспа“ од 11 до 13…

„Meet Prespa“ или „Запознај ја Преспа“ е…

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност…

Собраниската седница денеска беше одложена за еден…