Објавено на:

Трамп најави раскинување на нафтениот договор со Венецуела

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска најави раскинување на нафтениот договор со Венецуела, велејќи дека ќе ги откаже отстапките што ѝ ги даде на таа земја неговиот претходник Џо Бајден пред повеќе од две години.

Трамп, во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, рече дека ги „укинува отстапките“ поврзани со „договорот за трговија со нафта, од 26 ноември 2022 година“, објави Ројтерс.

Американскиот претседател во соопштението не кажа на кого точно се однесува откажувањето на концесијата, но на тој датум администрацијата на Бајден и дала одобрение на компанијата Шеврон да го прошири производството во Венецуела и да извезува сурова нафта од таа земја во САД.

Белата куќа и американскиот Стејт департмент не одговорија веднаш на прашањата дали Трамп мислел на лиценцата на Шеврон.

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, објави по најавата на Трамп дека американската влада донела „штетна и необјаснива“ одлука во врска со работната дозвола на компанијата Шеврон, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…