Трамп: На Зеленски му оди лошо – 700.000 Украинци залудно загинаа за него
Украина загуби околу 700.000 луѓе за време на борбите, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за време на говорот во државата Флорида.
„Најверојатно Украина загуби 700.000 луѓе. Тоа е страшно. Телата и деловите од телото можат да се видат насекаде низ нивите. Сето ова го гледаме многу прецизно благодарение на сателитите… На Зеленски му оди лошо. Неговите луѓе залудно гинат“, рече американскиот лидер.
Според него, она што се случува во Украина го потсетува на битката кај Гетисбург, најкрвавата битка во американската граѓанска војна, која се одржа на 1-3. јули 1863 година.
Претходно, началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот – првиот заменик началник на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал-полковник Сергеј Рудској, во интервју за весникот Красна звезда изјави дека Украина изгубила 590.000 убиени и ранети војници само во 2024 година, од почетокот на специјалната операција повеќе од милион војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…