Објавено на:

ТРАМП ОБЈАВИ РАСИСТИЧКО ВИДЕО ВО КОЕ БАРАК И МИШЕЛ ОБАМА СЕ ПРИКАЖАНИ КАКО МАЈМУНИ!

t

Доналд Трамп објави расистичко видео на својата социјална мрежа Трут соушл во кое Барак и Мишел Обама се прикажани како мајмуни. Тие се дел од видео долго 62 секунди кое содржи тврдења за измама на претседателските избори во 2020.

Републиканскиот сенатор Тим Скот, кој е црнец, го повика Трамп да го тргне видеото, кое го опиша како „најрасистичка работа која излегла од Белата куќа“.

Белата куќа го бранеше видеото, велејќи дека е „интернет меме“ и ги повика критичарите да престанат со лажниот гнев. Клипот се чини бил преземен од објава на Икс, што ја сподели конзервативниот креатор на содржини Ксеријас во октомври.

Уште неколку познати демократи се прикажани како животни во видеото, како конгресменката Александра Окасио-Кортес, градоначалникот на Њујорк, Зохрам Мамдани и бившата државна секретарка Хилари Клинтон. Џо Бајден се појавува како мајмун кој јаде банана.

Трамп само го сподели видеото, без да го коментира.

„Одвратно однесување од претседателот. Секој републиканец би требало да го осуди веднаш“, кажа гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП ОБЈАВИ РАСИСТИЧКО ВИДЕО ВО КОЕ БАРАК…

Доналд Трамп објави расистичко видео на својата…

Како Норвешка ја одбра иднината и зошто…

Како Норвешка ја одбра иднината и зошто…

„Аксиос“: По истекот на СТАРТ, Путин и…

САД и Русија почнаа преговори за продолжување…

Ристоска: Очекувам да бидам избрана за државен…

Јас очекувам да бидам избрана за државен…

Минчев за Фокус: СДСМ за мене не…

Во интервју за неделникот Фокус, Генералниот секретар…