Трамп: Ова е можност да го обединиме целиот свет!
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп изјави дека по атентатот во кој беше полесно повреден во саботата, целосно го променил говорот што ќе го одржи во четврток, на последниот, четврти ден од конвенцијата на републиканците во Милвоки. и изјави дека ќе повика на нов напор кон национално единство.
Трамп во ексклузивно интервју за неделникот „Вашингтон Егзаминер“ изјави дека сака да го искористи историскиот момент и да ја обедини земјата.
„Говорот што планирав да го одржам во четврток требаше да биде навистина моќен. Да не се случеше ова (обид за атентат во Пенсилванија), тоа ќе беше еден од најневеројатните говори фокусирани главно на политиката на претседателот Џозеф Бајден. Искрено, сега ќе биде сосема поинаков говор“, рече Трамп.
Тој рече дека говорот ќе го одрази неговото верување дека нападот на митингот во Пенсилванија целосно го променил текот на изборната кампања, што и републиканците и демократите веќе го потврдија.
Трамп рече дека неговиот говор ќе биде одговор на моментот наметнат од историјата.
„Ова е можност да се обедини земјата, дури и целиот свет. Говорот значително ќе се разликува од планираниот пред два дена“, рече Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“
Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата
Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…
Њујорк Тајмс: Лидерите на ЕУ во паника…
Владите на ЕУ испратиле претставници во САД…
Еспер: Трамп ќе направи САД да го…
Без САД да го одржуваат, блокот „ќе…