Трамп одлучил кој ќе му биде потпретседател: „Многумина сакаат да работат со мене, ме повикаа најважните луѓе од војската“
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп откри дека веќе се решил за кандидатот за неговата кампања за општите избори во 2024 година, доколку ја добие републиканската номинација за претседател.
Трамп, сепак, одби да каже за кого станува збор.
„Па, не можам да ви го кажам тоа“, им рече Трамп на водителките на Фокс њуз, додавајќи:
„Мислам, знам кој ќе биде.
Кандидатот на Републиканската партија, кој според анкетите има убедливо најголеми шанси да ја добие партиската номинација за претседателските избори, исто така ја искористи приликата да каже дека многу важни луѓе сакаат да работат во неговата потенцијална нова администрација.
„Има многу луѓе кои сакаат да работат со мене. Луѓето ми се јавуваат — токму кога се качив на сцената, добив повик од двајца од најважните луѓе во војската кои сакаат да дојдат да работат за мене“. рече Трамп.
„Сите сакаат да дојдат да работат за нас. Нема да имаме никакви проблеми, додаде тој.
На само пет дена пред почетокот на трката за републиканска претседателска номинација, поранешниот американски претседател Доналд Трамп успева да одржи голема предност пред своите ривали, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Reuters/Ipsos објавени денеска.
Трамп е републиканскиот кандидат кој е поддржан од 49 отсто од приврзаниците на таа партија, според резултатите од оваа анкета, пренесува Ројтерс.
Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли доби поддршка од 12 отсто од републиканците, а гувернерот на Флорида Рон ДеСантис има 11 отсто.
Претприемачот Вивек Рамасвами беше поддржан од четири отсто од републиканците и ниту еден друг кандидат не доби повеќе од два отсто, додека околу 18 отсто од анкетираните не знаеја кого да поддржат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…
Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…
По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…
Големиот пожар што денеска избувна во Волково…
Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…
Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…
Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…
Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…
20-годишен припадник на албанската армија убиен во…
Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…