Трамп повтори дека Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин сака мировен договор, а украинскиот Володимир Зеленски – не.
Трамп претходно вчера упати остри критики на сметка на Зеленски, кого го критикуваше дека не сака договор, и рече дека е време Украина да си избере ново раководство. Тој ги даде овие коментари по телефонскиот разговор со Путин еден ден претходно.
– Па, мислам дека Русија би сакала да склучи договор – а ние сме разговарале за тоа повеќепати – Русија би сакала да склучи договор… Но од некоја причина Зеленски не сака да склучи договор – изјави пред новинарите претседателот на САД, повторувајќи ја својата теза.
На прашањето што му рекол Путин за време на разговорот во петокот, Трамп одговори дека тој „би сакал да види договор. Претседателот Путин би сакал да види договор – и тоа многу силно“, рекол Трамп.
Трамп повтори дека е неопходно да се одржат избори во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
На Арон Орбан му е одреден едномесечен…
Унгарското судство одреди едномесечен притвор за Арон…