Објавено на:

Трамп по израелскиот напад: Му дадов на Иран 60 дена да склучи договор – денес е 61 ден

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пред два месеци му дал на Иран рок од 60 дена да постигне договор за неговата нуклеарна програма, а денес е 61-виот ден.

„Им кажав што да прават, но едноставно не можеа да го сторат тоа. Сега имаат, можеби, втора шанса!“, рече Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social. Во претходната објава на мрежата, Трамп го повика Иран да постигне договор за својата нуклеарна програма, наведувајќи дека Техеран сè уште има време да спречи понатамошен конфликт со Израел и предупреди дека идните напади ќе бидат уште пожестоки. Трамп рече дека веќе имало големи жртви и уништување, но дека има време да се запре убивањето бидејќи следните планирани напади ќе бидат уште побрутални, предупредувајќи ги иранските власти да постигнат договор „што е можно поскоро, пред да биде предоцна“.

Тој, исто така, го повика Иран да се согласи да не развива нуклеарно оружје. Трамп рече дека му дал на Техеран неколку шанси да постигне договор со САД за нуклеарната програма на Иран, но дека Иран не се согласил со договорот. Тој исто така потсети дека го предупредил Иран дека неговите нуклеарни објекти ќе бидат нападнати доколку не постигнат договор со САД. Во изјава за телевизијата ABC, тој оцени дека нападот на Израел врз Иран бил „одличен“ и дека ќе има уште напади. Трамп рече дека Вашингтон му дал шанса на Иран да постигне договор за нуклеарната програма на Иран, но Техеран не ја искористил. „Тие беа погодени многу, многу силно… И има уште многу“, рече Трамп. На прашањето дали САД учествувале на каков било начин во нападот, Трамп одговори дека не сака да коментира за тоа. Израел започна напади врз Иран преку ноќ, велејќи дека целта биле нуклеарни објекти, фабрики за балистички ракети и воени команданти на почетокот на операцијата за која рече дека имала за цел да го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…

Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…

Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…

Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…

Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…