Трамп: Путин да се фокусира на завршување на војната наместо да тестира ракети
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се фокусира на завршување на војната во Украина, наместо на тестирање ракети, објавија американските медиуми.
Коментирајќи ги извештаите за тестирање на нова руска нуклеарна ракета, Трамп рече дека САД имаат и нуклеарни подморници позиционирани во близина на Русија, објави CNN. „Тие знаат дека имаме нуклеарна подморница, најдобрата во светот, веднаш до нивниот брег. Таа треба да стави крај на војната, војна која требаше да трае една недела, а сега е во својата четврта година. Тоа е она што треба да го прави наместо да тестира ракети“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион за време на турнејата низ Азија.
Рускиот претседател Владимир Путин објави во неделата дека Русија успешно ја тестирала својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“ и го најави распоредувањето на новото оружје. Руските претставници тврдат дека ракетата била во воздух околу 15 часа и дека за тоа време патувала околу 14.000 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…