Објавено на:

Трамп сака новиот стадион во Вашингтон да го носи неговото име

t

„Висок извор од Белата куќа“ за ESPN изјави дека претседателот ја пренел својата желба до групата на сопственици на клубот, предводена од Џош Харис.

„Претседателот го сака тоа и веројатно ќе се случи“, рече изворот.

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, ја потврди информацијата. „Би било одлично да биде именуван по него бидејќи претседателот Трамп го овозможи новиот стадион“, рече таа.

Планираниот стадион со купола, за кој се проценува дека ќе чини 3,7 милијарди долари, ќе биде изграден во Вашингтон на местото на поранешниот стадион RFK, дом на Вашингтон Редскинс од 1961 до 1996 година.

Стадионот со 65.000 седишта е предвидено да се отвори во 2030 година.

НФЛ клубовите речиси секогаш ги продаваат правата за именување на стадионите на корпоративните спонзори, но во овој случај постои можност за исклучок – името на американскиот претседател.

Трамп, поранешен претприемач и инвеститор во недвижнини, не е непознат во ставањето на своето име на згради, хотели, казина и терени за голф, како и во продажбата на предмети со својот бренд – од патики до Библии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп сака новиот стадион во Вашингтон да…

„Висок извор од Белата куќа“ за ESPN…

Сирискиот претседател Ахмед ал Шара пристигна во…

Сирискиот претседател Ахмед ал Шара пристигна во…

Кина привремено ја укина забраната за извоз…

Кина денеска соопшти дека привремено ја суспендира…

Бајден со порака до Трамп: Ги посрами…

Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати…

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно…

Соединетите Американски Држави (САД) и Унгарија потпишаа…