Објавено на:

Сирискиот претседател Ахмед ал Шара пристигна во официјална посета на САД

t

Сирискиот претседател Ахмед ал Шара пристигна во Соединетите Американски Држави на официјална посета, јави сириската државна агенција САНА.

Ова се случува еден ден откако Ал Шара беше отстранет од црната листа на Вашингтон на лица и организации санкционирани за тероризам. Ал Шара, чии бунтовнички сили го соборија од власт Башар ал Асад на крајот на минатата година, ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Се очекува сирискиот лидер да потпише договор за пристапување кон антиџихадистичката коалиција предводена од САД, соопшти американскиот пратеник за Сирија, Том Барак.

Терористичката групација  „Исламска држава“ беше поразена во 2019 година од коалицијата и Сириските демократски сили, претежно курдски милиции, кои сега преговараат за нивна интеграција во сириската армија. САД, од своја страна, предвидуваат воспоставување воена база во близина на Дамаск, соопшти дипломатски извор во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…