Трамп сега вели дека не се сеќава да го нарекол Зеленски „диктатор“
Американскиот претседател Доналд Трамп, одговарајќи на прашања за медиумите во Овалната соба во Белата куќа, денеска рече дека не верува оти го нарекол украинскиот претседател Зеленски „диктатор“, пренесува „Индепендент“.
Трамп пред неколку дена жестоко ги нападна Зеленски и Европската унија, нарекувајќи го украинскиот претседател „диктатор без избори“, во алузија на статусот на Зеленски како воен претседател, кој останува на функцијата и без да се одржат избори.
„Тој е диктатор без избори, подобро нека дејствува брзо или ќе остане без држава“, изјави Трамп на 19 февруари.
Но, денеска, запрашан дали мисли дека Зеленски е диктатор, Трамп одговори:
„Јас сум го кажал тоа? Не ми се верува да сум го кажал тоа. Следно прашање“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…