Објавено на:

Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино и друг алкохол од Европската унија

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.

Во објава на социјалните мрежи, Трамп предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот за американското виски, пишува Блумберг.

Властите во Брисел го оданочија американското виски за да се одмаздат на царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила во средата.

„Доколку оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за целото вино, шампањско и алкохолни пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија“, напиша Трамп за европските царини за виски.

Тој додаде дека овој потег ќе биде „одличен“ за американските компании кои произведуваат вино и шампањ, додава њујоршката агенција, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…