Објавено на:

Трамп се скара и со Папата: Го обвини за „слабост кон криминалот“ и „лоша надворешна политика“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше папата Лав XIV, обвинувајќи го за „слабост кон криминалот“ и „лоша надворешна политика“. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека папата зборувал за „страв“ од неговата администрација, но не го споменал, како што рече, стравот што го имале христијанските организации за време на пандемијата на коронавирусот, кога, според неговите тврдења, свештеници и верски водачи биле апсени за одржување верски служби.

Претседателот на САД, исто така, рече дека не се согласува со наводните ставови на папата за Иран и нуклеарното оружје, како и со критиките за политиката на САД кон Венецуела. Во објавата, тој нагласи дека не сака папа кој верува дека Иран треба да има нуклеарно оружје или некој што ја осудува воената акција на САД против Венецуела. Трамп додаде дека има повеќе почит кон братот на папата, Луј, за кого рече дека го поддржува неговото политичко движење „MAGA“ и оцени дека изборот на Лав XIV за папа е изненадување и дека тој „не е меѓу фаворитите“ за позицијата.

Тој, исто така, ги критикуваше контактите на папата со политички личности блиски до поранешниот американски претседател Барак Обама, вклучувајќи го и стратегот Дејвид Акселрод. Трамп заклучи дека папата треба да се фокусира на својата религиозна улога и, како што изјави, „да биде голем папа, а не политичар“. „Лав треба да се собере како папа, да користи здрав разум, да престане да се додворува на радикалната левица и да се фокусира на тоа да биде голем папа, а не политичар. Тоа многу го повредува него и, што е уште поважно, ѝ штети на Католичката црква“, рече американскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…