ТРАМП УДРИ ПО БАЈДЕН: Xамас не ослободи ниеден американски заложник, никој не нѐ почитува!
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја критикуваше администрацијата на Бајден дека не се погрижила американските граѓани да бидат меѓу првата група заложници ослободени од заробеништво во Појасот Газа како дел од договорот меѓу Израел и терористичката група Хамас.
„Дали некој забележал дека Хамас вратил луѓе од други земји, но досега не вратил ниту еден американски заложник? – напиша Трамп во саботата на својата платформа “Truth social”.
„Постои само една причина за тоа, НЕМА ПОЧИТ ЗА НАШАТА ДРЖАВА И НАШЕТО ВОДСТВО. Ова е многу тажен и мрачен период на Америка!“
Дваесет и шест израелски заложници – жени, деца и постари луѓе кои беа меѓу стотиците луѓе киднапирани од терористите предводени од Хамас минатиот месец за време на разорниот напад врз Израел – беа ослободени во текот на викендот во две групи.
Други 14 тајландски државјани и еден Филипинец, исто така, беа ослободени како дел од посебен договор за кој Египет преговараше со учество на Катар и Иран.
Од друга страна, Хамас ослободи заложник со руско државјанство и нагласи дека чинот е благодарност за напорите на рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…