Трамп ја покани косовската претседателка Османи во „Советот за мир“ за Газа

t

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека е „длабоко почестена“ од личната покана на американскиот претседател Доналд Трамп да го претставува Косово како член-основач на Советот за мир, пренесува Еуроњуз.

„Длабоко сум почестена од личната покана на претседателот @realdonaldtrump да ја претставувам Република Косово како член-основач на Одборот за мир, рамо до рамо со Соединетите Американски Држави во потрагата по побезбеден свет. Вистинското лидерство не зборува само за мир, туку го остварува. Токму тоа го прави Трамп преку оваа историска иницијатива. Америка помогна да се донесе мир во Косово. Денес, Косово стои цврсто како сојузник на Америка, подготвено да помогне во унапредувањето на тој мир. Историјата ги памети оние кои преземаат смели чекори за градење мир, а ние сме подготвени“, напиша Османи на својот профил на „Икс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја покани косовската претседателка Османи во…

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека е…

Трамп го покани хрватскиот премиер Пленковиќ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп го покани хрватскиот…

Путин поканет да се приклучи во „Одборот…

Рускиот претседател Владимир Путин доби покана да…

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во…

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…

Кучињата во Карпош не биле од Албанија…

Викеденов на социјалните мрежи се појавија фотографии…