Путин поканет да се приклучи во „Одборот за мир“ за Газа

t

Рускиот претседател Владимир Путин доби покана да се приклучи на „Одборот за мир“ за Газа, а Кремљ во моментов го проучува предлогот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Да, навистина, претседателот Путин, исто така, доби покана преку дипломатски канали да се приклучи на овој „Одборот за мир““, изјави Песков за новинарите.

„Моментално ги проучуваме сите детали од овој предлог“, изјави портпаролот на рускиот претседател.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно го објави формирањето на „Одборот за мир“ за Газа и вети дека наскоро ќе ги открие неговите членови. Советот го вклучува американскиот државен секретар Марк Рубио, специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, зетот на американскиот лидер и инвеститор Џаред Кушнер, поранешниот британски премиер Тони Блер, претседателот на Светската банка, Аџај Банга, и заменик-советникот за национална безбедност на САД, Роберт Габриел, соопшти Белата куќа.

Претходно, премиерот на Албанија, Еди Рама се пофали дека е поканет да учествува во „Одбор за мир“ за Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…