Објавено на:

Трамп ја смени одлуката на Бајден и ја врати Куба на листата на држави спонзори на тероризмот

t

Американскиот претседател Доналд Трамп ја смени одлуката на администрацијата на Бајден за отстранување на Куба од американската листа на држави спонзори на тероризмот, објави Белата куќа.

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден донесе одлука на 14 јануари да ја отстрани Куба од американската листа на држави спонзори на тероризмот. Во замена за оваа одлука, Куба се согласи да ослободи повеќе од 500 затвореници од своите затвори.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел одлуката на Трамп ја нарече „чин на потсмев и злоупотреба“, објави Ројтерс.

Куба, која секогаш одбиваше да го поддржува тероризмот, почна да ослободува мал број затвореници, но по одлуката на Трамп не е јасно дали ослободувањата ќе продолжат. По неговата инаугурација, Трамп потпиша извршна наредба со која беа поништени 78 извршни одлуки на Бајден, јавуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…