Трамп: Јужната граница на САД ќе биде затворена
Два дена откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови високи царини за Канада и Мексико како дел од напорите за сузбивање на илегалната миграција и дрогата, додаде дека разговарал со мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум и дека „таа се согласила да ја запре миграцијата преку Мексико“.
Во синоќешната објава на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп информира дека „јужната граница на САД всушност ќе биде затворена“, и дека имал многу продуктивен разговор со претседателката на Мексико.
Мексиканската претседателка Шејнбаум потврди дека разговарала со Трамп и изјавила дека имале одличен разговор.
– Разговаравме за мексиканската стратегија за мигрантските прашања и му реков дека караваните не стигнуваат до северната граница (со Америка) затоа што Мексико се грижи за нив, напиша Шејнбаум на социјалните мрежи.
– Разговаравме и за зајакнување на соработката за безбедносни прашања во рамките на нашиот суверенитет и кампањата што ја водиме за спречување на конзумацијата на фентанил, додала таа.
Како што пренесува агенцијата АП, не е јасно како овој разговор ќе влијае на планот на Трамп за воведување нови царини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Јужната граница на САД ќе биде…
Два дена откако новоизбраниот американски претседател Доналд…
Трамп најави дека ќе воведе царини за…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека…
(Видео) Зеленски: Без помош од САД ќе…
Доколку САД престанат да го поддржуваат Киев,…
Италијанско село им нуди куќи за 1…
Oткако Доналд Трамп по вторпат беше избран…
Борел: Киев доби дозвола од САД за…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…