Трамп: „Ќе ги удриме многу силно во следните две до три недели“.
Соочен со американската јавност која е претпазлива кон војната на Блискиот Исток, со рејтингот кој му е во опаѓање и притисокот од некои земји сојузнички да прецизира и доследно да ги изложи воените цели, американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа рече дека САД ја уништиле морнарицата и воздухопловните сили на Иран и ги уништиле неговите балистички ракети и нуклеарна програма.
Од друга страна, тој одби да изнесе конкретен план за завршување на војната, која сега е во петтата недела, освен што рече дека САД ќе ја завршат работата „многу брзо“. Ние ги држиме сите карти, рече Трамп од Белата куќа во своето прво обраќање кон нацијата откако САД и Израел влегоа во војна на 28 февруари. 19-минутниот говор на Трамп не донесе многу нови информации. Акциите паднаа, доларот зајакна, а цените на нафтата пораснаа кратко време по обраќањето на Трамп, веројатно од можноста дека конфликтот ќе се одолговлекува уште некое време. Иако во претходните денови повтори дека Техеран е воено неутрализиран, Трамп нагласи дека САД ќе продолжат да напаѓаат цели во Иран со уште поголема сила во наредните денови
Доналд Трамп – претседател на САД
„Доколку новите лидери на земјата не преговараат задоволително, САД ќе почнат да ја напаѓаат националната инфраструктура за производство на електрична енергија и нафта. Ќе ги удриме многу силно во следните две до три недели“.
Иако американскиот претседател ја призна растечката загриженост кај Американците дека војната го прави бензинот недостапен, тој инсистираше дека цените наскоро ќе паднат и дека нивното зголемување е вина на Иран. Тој додаде дека земјите што го добиваат поголемиот дел од својата нафта од регионот на Персискиот Залив треба да ја преземат водечката улога во отворањето на Ормутскиот теснец. Иранскиот претседател, пак, во писмо до американскиот народ изјави дека неговата земја не негува непријателство кон обичните Американци. Ги повика САД да ја прекинат војната, предупредувајќи дека Исламската република ќе преживее секаков облик на американска агресија.
Масуд Пезешкијан – претседател на Иран
„Кои од интересите на американскиот народ навистина служат во оваа војна. Дали имаше објективна закана од Иран за да се оправда таквото однесување. Нападот на САД и ционистичкиот режим врз Иран не е знак на моќ, туку знак на конфузија и неможност за постигнување стабилни решенија“.
Во меѓувреме продолжија американските и израелските воздушни напади врз Иран, Либан и Јемен, како и иранските ракетни напади врз израелската инфраструктура и американски цели во Персискиот Залив. Тел Авив алармира за нови напади од милитантната група Хезболах. Иран вчера изврши голем ракетен напад врз Израел од почетокот на војната, непосредно пред еврејскиот празник Пасха.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: „Ќе ги удриме многу силно во…
Соочен со американската јавност која е претпазлива…
На училиште Катја кажувала како татко и…
„Катја беше среќна и отворена со соучениците.…
Трамп се вмеша во приватниот живот на…
Доналд Трамп повторно ги помести границите на…
„Купи ми стан и кола или ќе…
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во…
Нема поскапување: Цените на лебот и печивата…
Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок…