Нема поскапување: Цените на лебот и пецивата остануваат стабилни

t

Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија), со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. На средбата беа донесени следните заклучоци:

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 % во државата;

Како општествено одговорна индустрија, преставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што состојбите континуирано што ќе се следат и ќе се анализираат;

Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените;

Исто така, мелничко пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп создаде најголем проблем по пандемијата и…

Нападот на САД и Израел врз Иран…

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков денес изјави…

Ивановска: По Кочани, ништо не се смени…

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска,…

Пит Хегсет го отпушта највисоко рангираниот офицер…

Министерот за одбрана Пит Хегсет побара од…

Трамп ја разреши министерката за правда и…

Американскиот претседател денеска ја разреши министерката за…