Трансплантација на кожа добија шест пациенти од пожарот во Кочани

t

На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов.

Рече дека шесте пациенти на кои им е направена трансплантацијата се со трет степен на изгореници, додека кај останатите пациенти продолжуваат редовните преврски и веќе во текот на наредната недела се очекува да бидат пуштени на домашно лекување. Но, како што рече, ситуацијата е флуидна и може да се смени од час во час.

Во Скопје во моментов се лекуваат 54 пациенти, откако 10 лица вчера беа пуштени на домашно лекување. Од нив 27 се во Клинички центар, 11 во „8 Септември“, и 10 во Градска болница и во приватните клиники се 6 пациенти. Сите што се во домашните болници се во релативно добра состојба.

Во странските клиники се лекуваат 115 пациенти. 5 ќе бидат вратени од странство на домашно лекување. Некои од пациентите може ќе се вратат со комерцијални летови. Во текот на вчерашниот ден се пријавиле уште шест пациенти, кои досега не биле пријавени во клиниките и тие се исто така хоспитализирани. А вкупно 115 пациенти се лекуваат надвор од државата.

Седумнаесет од вкупно 30 повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Србија се хоспитализирани на Ургентниот центар во Клиничкиот центар во Белград.

-Двајца од пациентите се на механичка вентилација, а на двајца им е извршена операција, изјави денеска директорот на Клиниката за пластична хирургија и реконструкција, Милан Стојичиќ.

Додава дека пациентите на кои им е извршен опративен зафат се во добра општа состојба и дека постоперативниот тек се одвива непречено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…

Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…

Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…

Трансплантација на кожа добија шест пациенти од…

На Универзитетската клиника за хируршки болести во…

(Видео) Дождот не спречи илјадници кочанчани да…

Дождот не спречи илјадници кочанчани да излезат…

Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…

Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…